• понеделник, 23 декември 2024

ЕПП усвои резолуцијата за Албанија, во која оценува дека лидерите на опозицијата се изолирани во пресрет на изборната кампања

ЕПП усвои резолуцијата за Албанија, во која оценува дека  лидерите на опозицијата се изолирани во пресрет на изборната кампања

 
Тирана, 22 ноември 2024 (МИА) - Европската народна партија (ЕПП) усвои резолуција за Албанија предложена од албанската опозициска Демократска партија, за актуелната ситуација во земјата, во која ја нагласува поврзаноста помеѓу „трговците со дрога и организираниот криминал со политичката елита и функционерите за спроведување на законот, искористувајќи ја албанската економија и политичката рамка за перење пари“.

Се додава дека во земјата владее корупцијата и недостиг на слободни и фер избори, без почитување на стандардите на ОБСЕ.

-Неуспех е што не се постигна договор за изборните реформи, што резултираше само со минимален напредок во спроведувањето на извонредните препораки од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, каде што сите партии се согласија за изборни промени кои конкретно дозволуваат гласање на дијаспората,  стои во резолуцијата.
Во истата ЕПП изразува загриженост за „секој политички прогон на опозициските лидери, пратеници и претставници на локалната власт, соочени со политички мотивирани ограничувања на нивните граѓански права“.
-Европската народна партија (ЕПП) бара од албанските власти веднаш да ги спроведат реформите што ги бара ЕУ за заштита на човековите права и обезбедување независно и непристрасно судство, без политичко мешање; слободните и фер избори го сочинуваат основниот столб на демократското владеење, кои бараат гаранции за независноста на јавната администрација од владејачката партија. ЕПП внимателно ќе ги следи случувањата во Албанија, поддржувајќи ги своите партии членки на претстојните избори и бранејќи ги аспирациите на Албанија за ЕУ, се нагласува во документот.

На крајот ја повторува својата силна поддршка за европската интеграција на Албанија и стремежот на албанскиот народ за слободна и демократска иднина. вт/

Остани поврзан