• сабота, 28 декември 2024

Фицо се залага за продолжување на меѓувладините консултации со Украина

Фицо се залага за продолжување на меѓувладините консултации со Украина

Братислава, 7 октомври 2024 (МИА) - Словачката влада е заинтересирана за продолжување на меѓувладините консултации со Украина и ја поканува украинската влада на уште една заедничка средба во јануари или февруари следната година, изјави денеска премиерот Роберт Фицо по заедничката средба на словачката и украинската влада во близина на градот Ужгород.

Фицо додаде дека е за секој план кој гарантира мир во Украина и понуди да се одржи средба во Словачка како дел од подготовките за самитот.

„Доколку големиот мировен самит што ќе се одржи во одреден момент вклучува средби на пониско ниво, можеби на ниво на кое ќе треба да се разговара за големиот самит, нудам словачко гостопримство“, рече Фицо.

Toj додаде дека Словачка нема да штеди ниту средства ниту енергија и дека ќе направи се за евентуалната конференција да биде што поуспешна. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан