• вторник, 23 јули 2024

Фердинанд: Артета би го напуштил Арсенал заради Манчестер јунајтед

Фердинанд: Артета би го напуштил Арсенал заради Манчестер јунајтед

Манчестер, 27 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека тренерот на Арсенал, Микел Артета ќе се согласи да го води тимот од „Олд Трафорд“.

- Артета апсолутно би го напуштил Арсенал за да го преземе Манчестер јунајтед. Никој не вели дека тоа ќе се случи, но ако Манчестер јунајтед во луд сон каже: „Знаеш што, Ерик тен Хаг, ти благодарам“ исе одлучи да го избере Артета за своја главна цел, тогаш Артета ќе им каже на играчите на Арсенал: „Слушајте момци, беше емотивно, но морам да продолжам понатаму, морам да заминам“, рече Фердинанд на својот канал „FIVE“.

Четириесет и едногодишниот Шпанец е на чело на Арсенал од 2019 година. 

По 26 кола во тековната сезона, Арсенал е на третото место во Премиер лигата со 58 бодови. Манчестер јунајтед (44 бодови) е шести во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан