• четврток, 25 јули 2024

Македонската младинска ракометна репрезентација на прием кај министерот Ристовски

Македонската младинска ракометна репрезентација на прием кај министерот Ристовски

 

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) – Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на неодамнешното Европско првенство во Словенија го заврши со пласман на 9 место, по пристигнувањето во Скопје денеска оствари средба со министерот за спорт Борко Ристовски.

Истакнувајќи го своето задоволство од остварениот пласман на Европското првенство, министерот Ристовски, како што е соопштено, упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, од своја страна, упати голема благодарност за севкупниот ефект на ЕП на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа извонреден турнир, забележувајќи четири победи (Црна Гора, полска, Романија и Франција), два пати ремизираа (Хрватска и Австрија) и загубија само еднаш (Франција).

Македонските ракометари со пласманот на 9. место обезбедија учество на Светското првенство до 21 година кое ќе се одржи во Полска идната година. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан