• четврток, 25 јули 2024

Хумелс блиску до трансфер во Болоња

Хумелс блиску до трансфер во Болоња

Болоња, 23 јули 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс е блиску до преселба во Болоња, тврди инсајдерот Николо Шира.

Италијанскиот клуб речиси се договорил за едногодишен договор со 35-годишниот Германец, според кој играчот ќе заработи 2 милиони евра и може да добие уште милион евра бонуси.

Хумелс стана слободен играч по завршувањето на сезоната 2023/24, а претходно играше за Борусија Дортмунд од јули 2019 година.

Во сезоната 2023/24, фудбалерот одигра 40 натпревари за Борусија во сите натпреварувања, постигна четири гола и направи една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан