• вторник, 19 ноември 2024

УЈП: Уште три дена за поднесување ДДВ-04 пријави за изминатиот оданочив период

УЈП: Уште три дена за поднесување  ДДВ-04 пријави за изминатиот оданочив период

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период.

Од УЈП денеска упатија апел навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден.

- Во моментов, системот на УЈП работи непречено, до денеска  поднесени се 1706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7405, што е  23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни  обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет, се посочува во соопштението од УЈП.

Се подвлекува дека процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/javni_informacii/category/2005  цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан