Украинско МНР: Посетата на Орбан на Москва не беше координирана со Украина
- Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Орбан на Москва, која уследи по неговото патување во Киев претходно оваа недела, не била координирана со Украина.
Киев, 5 јули 2024 (МИА) - Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Орбан на Москва, која уследи по неговото патување во Киев претходно оваа недела, не била координирана со Украина.
-Потсетуваме дека за нашата земја принципот „нема договори за Украина без Украина“ останува непоколеблив и ги повикуваме сите земји строго да го почитуваат, се вели во соопштението на Министерството.
Киев го гледа својот мировен план од 10 точки и меѓународниот самит заснован на него како единствениот реален пат за ставање крај на војната со Русија, која трае повеќе од две години. мс/
фото: МИА архива