• понеделник, 30 септември 2024

Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство

Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство

Виена, 29 септември 2024 (МИА) - Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја.

Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.

Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).

НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.

Право на учество на изборите за Националниот совет - Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан