• среда, 25 декември 2024

Украинската пратеничка Климпуш на Твитер: Русија употреби хемиско оружје во Мариупол

Украинската пратеничка Климпуш на Твитер: Русија употреби хемиско оружје во Мариупол
Киев, 12 април 2022 (МИА) - Претседателката на парламентарната комисија за интеграција на Украина во Европската Унија, Ивана Климпуш, напиша на Твитер дека руските сили денеска употребиле „непозната супстанција“ во Мариупол. Се тврди дека „најверојатно е хемиско оружје“. „Супстанцијата беше дистрибуирана со дрон, а жртвите имаат отежнато дишење и вестибулоцеребеларна атаксија“, пишува Киев индепендент, повикувајќи се на извори од батаљонот Азов во Мариупол. Се додава дека ова би можело да биде прва позната употреба на хемиско оружје во Украина, од страна на руските сили. бд/

Остани поврзан