• петок, 05 декември 2025

Девет лица загинаа во автобуска несреќа во Виетнам

Девет лица загинаа во автобуска несреќа во Виетнам

Ханој, 25 јули 2025 (МИА) – Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во централен Виетнам, соопшти владата.

Во несреќата, која се случи утрово во 1:45 часот во провинцијата Ха Тин, учествувал автобус кој излетал од патот, удрил во сообраќајни знаци и се превртел.

Повредени се уште 16 лица, кои веднаш биле хоспитализирани со повеќе повреди. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан