• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германија засега не планира признавање на „држава Палестина“, туку е фокусирана на решение со две држави

Германија засега не планира признавање на „држава Палестина“, туку е фокусирана на решение со две држави

Берлин, 25 јули 2025 (МИА) – Германија не планиран на краток рок признавање на независна палестинска држава и наместо тоа ќе продолжи да ја поддржува стратегијата за решение со две држави, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.

„Безбедноста на Израел е од врвно значење за германската Влада. Затоа и сега немаме планови да ја признаеме Палестина“, беше нагласено во официјалното соопштение.

- Признавањето на Палестина се смета за завршна фаза во процесот за дво-државно решение, додаде портпаролот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан