• понеделник, 13 јануари 2025

Укината забраната за камиони на Плетвар

Укината забраната за камиони на Плетвар

Скопје, 13 јануари 2025 (МИА) - Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.

Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.

Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево - с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот. сст/са/

Фото: МИА

Остани поврзан