• среда, 25 декември 2024

Турција издаде предупредување за цунами по земјотресот на Крит

Турција издаде предупредување за цунами по земјотресот на Крит
Анкара, 27 септември 2021 (МИА) - Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми. Властите во Турција го предупредија населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, што, како што се прогнозира, може да го зафати целиот регион. Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес на Крит, чија јачина од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар беше проценета на 6,2 степени. Земјотресот оштети стари згради, цркви и патишта во неколку критски општини во близина на епицентарот, јужно од градот Хераклион, додека училиштата беа евакуирани. паг/    

Остани поврзан