• четврток, 06 март 2025

Фијала: Чешка постепено ќе ги зголемува трошоците за одбрана на три отсто од БДП до 2030 година

Фијала: Чешка постепено ќе ги зголемува трошоците за одбрана на три отсто од БДП до 2030 година

Прага, 5 март 2025 (МИА) - Чешката влада одлучи постепено да ги зголеми трошоците за одбрана на три отсто од бруто домашниот производ до 2030 година од сегашните околу два отсто, соопшти чешкиот премиер Петар Фијала.

Средствата се очекува да почнат да се зголемуваат за 0,2 отсто годишно од 2026 година, кога се очекува да достигнат 2,2 отсто од БДП.

Зголемувањето на трошоците за одбрана на три отсто од БДП Фијала првпат го објави во обраќањето до нацијата на 24 февруари, кога истакна дека мерката е неопходна за Чешка да одговори на новите геополитички реалности во светот.

Во тоа време, чешкиот премиер, исто така, ја повика Европа да ги искористи средствата од замрзнатите руски активи за понатамошна воена поддршка на Украина и да ги олесни нејзините фискални правила за да ги зголеми трошоците за одбрана. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан