Макрон: Состанок на началниците на генералштабовите на европските земји идната недела во Париз (ДПЛ)
- Идната недела во Париз, Франција ќе ги собере началниците на генералштабовите на земјите кои се подготвени да го гарантираат идниот мир во Украина, рече во вечерашното телевизиско обраќање до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон.

Париз, 5 март 2025 (МИА) - Идната недела во Париз, Франција ќе ги собере началниците на генералштабовите на земјите кои се подготвени да го гарантираат идниот мир во Украина, рече во вечерашното телевизиско обраќање до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон.
„Мирот во Украина можеби ќе вклучува и распоредување на европски сили. Нема да одат да се борат сега, нема да одат да се борат на првите борбени линии, но ќе бидат таму откако ќе се потпише мир, за да го гарантираат негово целосно почитување. Следната недела ќе ги собереме во Париз началниците на генералштабовите на земјите кои сакаат да ги преземат своите одговорности во овој поглед“, рече францускиот лидер.
„Руската закана е присутна и нè засега нас, без да познава граници. Исправени пред овој свет на опасности, би било лудост да останеме гледачи“, додаде шефот на француската држава.
Тој истакна дека Франција треба да биде подготвена доколку САД веќе не се покрај неа. рп/
Фото: МИА архива