• четврток, 06 март 2025

Италија го ратификува договорот со Албанија за социјално осигурување, корист ќе имаат околу 500 илјади Албанци

Италија го ратификува договорот со Албанија за социјално осигурување, корист ќе имаат околу 500 илјади Албанци

Тирана, 5 февруари 2025 (МИА) - Италијанскиот Парламент со 129 гласови „за“ го ратификуваше договорот со Албанија во областа на социјалното осигурување,  а тоа претходно го направи и албанскиот Парламент.

-Од овој договор корист имаат околу 500 илјади албански граѓани кои работат и живеат во Италија и околу 4.000 италијански државјани, кои ќе обезбедат унифицирање на периодите за придонеси, со што ќе се овозможи да не се изгуби ниту една работна година, објавија албанските медиуми.

Додаваат дека со договорот, се признаваат сите категории на пензии,  старосна,  инвалидска, семејна, осигурување од боледување вклучително и породилно и осигурување во случај на невработеност за Албанците кои живеат во Италија и за италијанските државјани кои живеат и работат во Албанија.

Договорот за меѓусебно признавање на социјалното осигурување, го Рим го потпишаа министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасан и на Италија, Антонио Тајани во февруари минатата година. 

-Од 2005 година до денес, Албанија има потпишано  договори во областа на социјалното осигурување со 18 држави, меѓу нив Турција, Белгија, Унгарија, Луксембург, Северна Македонија, Германија, Австрија,  Косово, Швајцарија, Хрватска, наведуваат медиумите.

Владата вакви договори очекува да потпише со Франција и со Грција. вт/

 

 

Остани поврзан