Бербок нема да се кандидира за лидерска функција на Зелените
- Актуелната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок, чија Зелена партија се очекува да ја напушти владата и да замине во опозиција по минатомесечните избори, не планира да се бори за лидерска функција во партијата.

Берлин, 5 март 2025 (МИА) – Актуелната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок, чија Зелена партија се очекува да ја напушти владата и да замине во опозиција по минатомесечните избори, не планира да се бори за лидерска функција во партијата.
Се очекуваше Бербок да стане копретседател на парламентарната група на Зелените, но, во писмо до колегите, во ДПА денеска имала увид, Бербок вели дека нема да ја бара функцијата од лични причини.
„После години со голема брзина“,Бербок напиша дека сака да одвои малку време за да размисли „што значи овој момент за моето семејство и мене“.
Бербок (44) имаше лидерска или министерска функција со Зелените од 2008 година и беше главна кандидатка на партијата на националните избори во 2021 година.
На последните избори Зелените освоија 11,6 отсто од гласовите, што се сметаше за разочарување откако освоија 14,8 отсто во 2021 година.
Бербок и нејзиниот сопруг Даниел Холефлејш во ноември соопштија дека се разделуваат.
Тие планираат заедно да продолжат да се грижат за двете ќерки, кои имаат 9 и 13 години, и планираат да продолжат да живеат како семејство во нивниот заеднички дом во Потсдам, западно од Берлин, јави ДПА. јт/
Фото: МИА архива