• среда, 22 јануари 2025

Трамп ги укина санкциите за крајнодесничарските еврејски доселеници

Трамп ги укина санкциите за крајнодесничарските еврејски доселеници

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) - Новиот американски претседател Доналд Трамп го укина наметнувањето санкции против луѓето кои го поткопуваат мирот на Западниот Брег, што беше една од извршните наредби од времето на поранешниот претседател Џозеф Бајден.

Администрацијата на Бајден воведе некои санкции со извршна наредба против еврејските доселеници екстремисти кои ги напаѓаат Палестинците, жители на Западниот Брег. Ова дојде по избивањето на насилството на кое му претходеше напад на Хамас од друга палестинска територија, Појасот Газа, на јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Еврејските доселеници на Западниот Брег го прославија доаѓањето на администрацијата на Трамп, уверени дека таа поинаку ќе ги третира илегалните еврејски населби.

За време на неговиот прв претседателски мандат, Трамп презеде чекори без преседан за поддршка на територијалните аспирации на Израел, вклучително и признавање на Ерусалим како главен град на Израел и преместување на американската амбасада од Тел Авив во градот, како и признавање на израелската анексија на Голанската висорамнина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан