• сабота, 22 февруари 2025

Средба на Рубио со министрите за надворешни на Австралија, Индија и Јапонија

Средба на Рубио со министрите за надворешни на Австралија, Индија и Јапонија

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) - Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска во Стејт департментот се сретна со своите колеги од Австралија, Индија и Јапонија, при што се истакнало значењето на соработката со сојузниците „за прашањата што важни за Америка и Американците“.

Лидероте од групата Квад (САД, Австралија, Индија и Јапонија) се загрижени од експанзионистичкиот курс на Кина. Во пресрет на средбата, набљудувачите истакнаа дека таа била организирана за да се демонстрира фактот дека спротивставувањето на Пекинг е главен приоритет на претседателот Доналд Трамп.

Приоритет на Стејт департментот ќе биде Америка, изјави новиот шеф на надворешната политика на САД на церемонија денеска во Стејт департментот, откако потпретседателот Џеј Ди Венс го повика да положи заклетва.

-Тоа ќе биде промовирање на националните интереси на земјава, истакна Рубио, додавајќи дека друга цел на надворешната политика под Трамп е „промоција на мирот. Се разбира – мир преку (демонстрација на) сила, мир без откажување од нашите принципи“.

Според извор кој учествувал во планирањето на средбите, официјални лица на Трамп работат на средба со министрите за надворешни работи во Белата куќа.

Таквите средби се организираат за да се постави база за одржување самит на лидерите на земјите од „четворката“, објасни изворот, пренесија дел од американските медиуми.

Според извештаите, јапонскиот премиер Шигеру Исиба ќе одржи средба со Трамп идниот месец во Вашингтон. Министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, која за време на викендот во Вашингтон се сретна со своите колеги од Индија и Јапонија, изјави дека поканата до министрите за надворешни работи на овие земји да дојдат на инаугурацијата на Трамп сведочи за стремежот на САД за тесна соработка во индотихоокеанскиот регион.

Лидерите на „четворката“ имаа редовни средби и за време на претседателството на Џо Бајден, фокусирајќи се на воените и економските акции на Кина во индотихоокеанскиот регион, посебно во Јужното Кинеско Море каде сојузниците се спротивстауваат на територијалните апетити на Кина. кб/

 

Остани поврзан