• среда, 12 март 2025

Трамп: Апсењето на пропалестинскиот активист од Унверзитетот Колумбија е „прво од многуте“

Трамп: Апсењето на пропалестинскиот активист од Унверзитетот Колумбија е „прво од многуте“

Вашингтон, 11 март 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, во порака синоќа предупреди дека апсењето и можната депортација на пропалестинскиот активист Махмуд Халил, предводник на студентскиот протест во Универзитетот Колумбија, ќе биде „прво од многуте“.

Халил, кој поседува зелена карта – документ за постојан престој во САД – до декември беше постдипломец на Универзитетот Колумбија. Тој викендов беше упасен од федерални агенти за имиграција во Њујорк и пренесен во имиграциски затвор во Луизијана.

-Знаеме дека на Универзитетот Колумбија и на други универзитети низ земјата има многу студенти кои се занимаваат со про-терористичка, антисемитска и антиимериканска активност, напиша Трамп во порака на социјалните мрежи. „Ќе ги најдеме, уапсиме и депортираме поддржувачите на терористи во нашата земја – и тие никогаш повеќе нема да се вратат“.

Федерален судија во Њујорк синоќа сепак одлучи дека Халил не треба да биде депортиран додека судот не ја разгледа тужбата поднесено од неговите адвокати. Рочиштето е закажано за среда.

Апсењето на Халил предизвика негодување кај групите за заштита на граѓанските права и застапниците на слободата на говорот, кои ја обвинија администрацијата за користење на овластувањата во имиграциското законодавство за потиснување на критиките кон Израел.

Халил стана првото лице уапсено за депортација, а како дел од ветеното сузбивање на студентските протести од страна на Трамп. кб/

Остани поврзан