• сабота, 16 ноември 2024

Токио прогласи највисока „црвена“ тревога поради коронавирусот

Токио прогласи највисока „црвена“ тревога поради коронавирусот
Токио, 15 јули 2020 (МИА) - Токио прогласи највисока „црвена“ тревога за закана од коронавирусот поради големиот скок на бројот на новозаразени во последните денови. Гувернерот Јурико Коике ја опиша ситуацијата во јапонскиот главен град како „многу тешка“. Таа ги повика жителите да се воздржат од непотребно патување и вети дека ќе се интензивира тестирањето за Ковид-19 преку употреба на опрема од универзитетите. - Сега сме во многу тешка состојба, предупреди Коике. Црвениот код е највисок од четири степени во системот за тревога во главниот град на Јапонија. Според здравствените експерти, постои значително зголемување на заразани меѓу младите луѓе. Има се повеќе и повеќе случаи на заразени лица кои не покажуваат симптоми. јт/

Остани поврзан