Трамп го номинира Стивен Чун за директор за односи со јавност во Белата куќа
- Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи Стивен Чун, кој беше задолжен за односи со јавност за неговата кампања, на истата позиција, но сега во Белата куќа, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на републиканскиот тим за транзиција.
Вашингтон, 15 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи Стивен Чун, кој беше задолжен за односи со јавност за неговата кампања, на истата позиција, но сега во Белата куќа, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на републиканскиот тим за транзиција.
Серхио Гор, од своја страна, ќе раководи со претседателскиот кабинет.
„Стивен Чун и Серџо Гор беа доверливи советници од мојата прва претседателска кампања во 2016 година и продолжија да ги поддржуваат принципите на (доктрината) „Америка на прво место“, рече Трамп. рп/
Фото: МИА архива