• недела, 15 декември 2024

Песков: Разговорот меѓу Шолц и Путин покажува политичка волја од прва рака да се дознае ставот на Москва

Песков: Разговорот меѓу Шолц и Путин покажува политичка волја од прва рака да се дознае ставот на Москва

Москва, 15 ноември 2024 (МИА) - Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц покажува политичка волја од прва рака да се дознае ставот на Москва, а повикот е реализиран на иницијатива на Германија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, тоа е обид да се споредат различни позиции, а дијалогот е позитивна работа, без оглед на тоа што меѓу Путин и Шолц има длабоки разлики по прашањето за Украина, пренесува руска државна новинска агенција.

„Путин детално му кажа на Шолц за нашата визија за тоа што се случува, за можните изгледи за развој на ситуацијата итн. Шолц повторно го зазеде својот став, кој, всушност, е добро познат, а како мантра го повторуваат сите европски претставници неколку пати на ден“, изјави претставникот на Кремљ.

Песков истакна дека Путин повеќепати зборувал за подготвеноста за дијалог за Украина, а во денешниот разговор повторно го потврдил тоа.

„Оваа подготвеност многупати беше повторена во јунскиот говор на претседателот, каде што тој јасно ги наведе околностите кои би можеле да станат претходница за решавање на овој конфликт“, рече Песков за изгледите за преговори меѓу Русија и Украина.

Разговорот меѓу Путин и Шолц, прв од декември 2022 година, денеска попладне траеше околу еден час. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан