• понеделник, 16 декември 2024

Израелскиот министер за внатрешни работи Бен-Гвир се изјасни против дополнителна хуманитарна помош за Појасот Газа

Израелскиот министер за внатрешни работи Бен-Гвир се изјасни против дополнителна хуманитарна помош за Појасот Газа

Тел Авив, 15 ноември 2024 (МИА) - Екстремно десничарскиот министер за внатрешни работи на Израел, Итамар Бен-Гвир денеска се изјасни против обезбедување поголема хуманитарна помош за цивилното население во Појасот Газа, јави ДПА.

„Додека имаме заложници во Појасот Газа, не треба да правиме никакви отстапки, ниту за цивилното население“, изјави тој за израелскиот портал Аруц Шева.

Бен-Гвир беше единствениот член на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кој гласаше против дополнителната помош што ја побараа САД. ОН и хуманитарните организации предупредуваат на опасност од масовно гладување во Газа.

Во октомври, американската влада му даде на Израел рок од 30 дена да ја подобри испораката на хуманитарна помош за цивилното население во Газа. Вашингтон се закани дека ќе ја блокира американската воена помош доколку не го стори тоа. Кога крајниот рок истече претходно оваа недела, САД рекоа дека иако Израел презел некои чекори за да обезбеди поголема помош, потребно е повеќе. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан