• вторник, 23 јули 2024

Тепачка пред судот во Охрид, приведени три лица од Велешта

Тепачка пред судот во Охрид, приведени три лица од Велешта

Охрид, 21 ноември 2023 (МИА) - Поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка пред Основниот суд во Охрид полицијата денеска приведе три лица од струшкото село Велешта, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во 13 часот и 45 минути лицата биле приведени во СВР Охрид, а по целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Основниот суд во Охрид денеска беше објавена пресуда за случај со смртни последици, а пред зградата на Судот настанала тензична атмосфера меѓу семејствата на убиениот и обвинетиот, по што интервенирала полицијата.

Влезот во Судот не бил дозволен за двете страни, бидејќи требало само да се објави пресудата и се оечкувале тензии. Обвинетиот е осуден на 15 години затворска казна. сс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан