• среда, 24 јули 2024

Лишен од слобода крадец во Скопје за кој е поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор

Лишен од слобода крадец во Скопје за кој е поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар при СВР Скопје денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.В. (21) од Штип во врска со три кривични дела, од кои едно „тешка кражба на дрзок начин“ и две „тешки кражби во обид“.

Како што информираат од МВР, Г.В. кривичните дела ги извршил влегувајќи во станови во Скопје преку балконите, и тоа на 15-ти, 20-ти и на 21 јули годинава, по што е лишен од слобода во ПС ОН Центар.

Денеска лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови. сст/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан