• петок, 26 јули 2024

ЛДП: Директорите да се бираат од редот на стручните лица на клиниките и да има еден Клинички центар

ЛДП: Директорите да се бираат од редот на стручните лица на клиниките и да има еден Клинички центар

Скопје, 24 јули 2024 

За да имаме квалитетен здравствен систем пред се потребно е да се намали партиското влијание при поставувањето на раководните лица, порачуваат од Либерално-демократската партија.

- Бидејќи станува збор за една од заложбите на ЛДП ги поддржуваме предложените измени на Законот за здравствена заштита, со кој се укинуваат економските директори во Клиниките.

Потсетуваме дека Универзитетски клинички центар- Скопје почна да се уништува од 2007 година кога се создадоа 32 нови правни субјекти, со исто толку голем број на Управни одбори, и двојно поголем број на директори кои создаваат непотребни финансиски трошоци и ниска експедитивност и ефикасност во работата од што најмногу страдаат пациентите, додаваат од партијата.

Воедно ЛДП апелира до Министерот за здравство, Арбен Таравари со цел да се намали влијанието на политичките партии, медицинските директори да се бираат од редот на вработените професионалци во матичната Јавна здравствена установа, а не да се поставуваат партиски луѓе однадвор.

- Не смее да се дозволи на 30 супспецијалисти во само една клиника да им се поставува директор однадвор кој не знае ништо за установата, а нема ниту медицинска подготовка за специјалноста од областа на здравството со која треба да раководи, според струката, додаваат од ЛДП.

Според партијата доколку сакаме квалитетен здравствен систем неопходно е во иднина да се направи спојување на Клиниките во еден Клинички центар.

Либерално-демократска партија 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: ЛДП 

Остани поврзан