• вторник, 23 јули 2024

Општина Дебар со повик за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „Дебар 2024“

Општина Дебар со повик за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „Дебар 2024“

Дебар, 22 јули 2024 (МИА) - Општина Дебар објави повик до заинтересираните за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „Дебар 2024“.

-  Пријавувањето на екипите  може да се направи во канцеларијата на Секторот за култура и спортска едукација од 12 до 15 часот се до 30 јули. Истиот ден ќе биде ждребувањето (групи, време на натпревари, итн.). Турнирот почнува на 31 месецов, стои во повикот.

При пријавувањето секоја екипа треба да плати 4 илјади денари,  а сите собрани средства ќе бидат распределени на најдобрите екипи.

Задолжително е секој тим за време на поднесувањето на пријава за учество да достави списокот на фудбалери, максимум 10.

Натпреварите ќе се одржуваат на градскиот полигон, кај деветтолетка „Пенестија“, а како и изминатите години се очекува големо присуство поради престојот на иселеници во родниот крај.

Турнирот во мал фудбал е еден од повеќето спортски и културни настани предвидени во рамки на манифестацијата „Дебарско културно лето“. вт/мд/

Фото: Плакат 

Остани поврзан