Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп
- Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела, што ќе погоди милиони Американци, а ги смени и плановите околу инаугурацијата на новиот американски претсдеател Доналд Трамп.
Вашингтон, 18 јануари 2025 (МИА) - Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела, што ќе погоди милиони Американци, а ги смени и плановите околу инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Национална метеоролошка служба соопшти дека во Вашингтон на денот на инаугурацијата се предвидува екстремен студ, при што температурите ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови, што заедно со ветрот ќе се чувствува како уште постудено време. Поради лошите временски услови и поларниот суд, инаугурацијата на Трамп наместо на отворено пред Капитол, ќе се одржи во затворен простор.
Најстуденото време во оваа зимска сезона, кое ќе се движи од запад кон исток, е резултат на феноменот познат како поларен вител што ќе предизвика значително опаѓање на температурите низ САД.
Ниските температури со себе носат „опасни по живот“ ризици од хипотермија и смрзнатини, предупредува Националната метеоролошка служба.
Меторолози од AccuWeather, пак, прогнозираат дека дури и делови од западниот брег на Гренланд во наредните денови ќе бидат потопли од Тексас.са/
Фото: ЕПА