• петок, 05 декември 2025

Пезешкијан: Нашиот одговор на континуираната агресија од страна на ционистичкиот режим ќе биде уште поразорен

Пезешкијан: Нашиот одговор на континуираната агресија од страна на ционистичкиот режим ќе биде уште поразорен

Техеран, 21 јуни 2025 (МИА) - Иран се закани дека ќе „даде уште поразорен одговор на континуираната израелска агресија врз неговата територија“, јавуваат светските агенции, цитирајќи го иранскиот претседател Махмуд Пезешкијан.

„Нашиот одговор на континуираната агресија од страна на ционистичкиот режим ќе биде уште поразорен“, рече Пезешкијан за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, објави иранската државна новинска агенција.

Пезешкијан посочи дека неговата земја ќе одбие да ги запре своите нуклеарни активности без оглед на околностите.

„Ние сме подготвени да разговараме и да соработуваме за да изградиме доверба во областа на мирните нуклеарни активности, но не се согласуваме да ги сведеме на нула нашите нуклеарни активности какви и да се околностите“, рече иранскиот лидер за време на разговорот со Макрон.

Тој му рече на својот француски колега дека неговата земја има право да спроведува мирни нуклеарни активности и дека тоа право не може да му се одземе преку војна.

„Иран отсекогаш изјавувал дека е подготвен да обезбеди гаранции и да воспостави доверба во врска со своите мирни нуклеарни активности во рамките на меѓународното право. Правата што им се доделени на земјите и нациите со меѓународното право не можат да бидат одземени преку закани или преку војна, додаде Пезешкијан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан