• петок, 05 декември 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

Техеран, 21 јуни 2025 (МИА) - Силни експлозии се слушнаа вечерва во централниот и северниот дел на Техеран, јави Франс прес, на деветтиот ден од војната меѓу Иран и Израел.

Сè уште не е познато дали експлозиите се предизвикани од израелски напади или од оган од иранската воздушна одбрана.

Претходно, иранските медиуми објавија дека најмалку пет ирански војници се убиени денеска, а девет се ранети во израелски напад во западниот дел на Иран денес.

„Пет армиски офицери се убиени, а девет се ранети во денешниот напад на израелскиот режим врз градот Сумар“, во западната покраина Керманшах, објави локалната агенција Фарс, повикувајќи се на локалните власти. рп/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан