Столтенберг во дводневна посета на Германија
- Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во посета на Германија.
![Столтенберг во дводневна посета на Германија](https://mia.mk/index.php/images/20240425000758_big_730x400_3.webp )
Брисел, 25 април 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во посета на Германија.
Како што соопшти НАТО, престојот во Германија Столтенберг ќе го почне со посета на седиштето на 73-от Тактички воздухопловен винг на германското Воено воздухопловство на аеродромот „Лаге“ во покраина Мекленбург-Западна Померанија во североисточниот дел на земјата.
Од аеродромот „Лаге“ крај Росток, Столтенберг попладнево ќе отпатува во Берлин каде ќе се обрати на настан во организација на невладината организација „Атлантик-Брике“, по што ќе има средба со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
Столтенберг утре ќе им разговори со членови на комисиите за надворешни работи и за одбрана на Бундестагот, а посетата на Германија ќе ја заврши со средба со германскиот канцелар Олаф Шолц. сп/
Фото: МИА Архива