• понеделник, 30 септември 2024

Советот на ЕУ го продолжи мандатот на Лајчак до 31 јануари, Аиво Орав го замени Томаш Суниог во Приштина

Советот на ЕУ го продолжи мандатот на Лајчак до 31 јануари, Аиво Орав го замени Томаш Суниог во Приштина

Брисел, 26 јули 2024 (МИА) - Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на мандатот на Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, до 31 јануари 2025 година.

Советот на ЕУ усвои серија одлуки за продолжување на постојните мандати на тројца специјални претставници на ЕУ, меѓу кои и Лајчак, како и назначување на четворица нови специјални претставници на ЕУ, меѓу кои има и претставници на ЕУ во Приштина и Босна и Херцеговина.

Така, нов специјален претставник на ЕУ во Приштина ќе биде естонскиот дипломат Аиво Орав, кој ќе ја преземе функцијата на 1 септември 2024 година за почетен период од две години.

Советот на ЕУ донесе и одлука да го назначи Луиџи Сорека за специјален претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина, кој ќе го наследи актуелниот амбасадор на ЕУ во Сараево, Јохан Сатлер, чиј петгодишен мандат истекува на 31 август 2024 година.

Сорека ќе ја преземе функцијата на 1 септември 2024 година за почетен период од две години. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан