• сабота, 23 ноември 2024

Десничарската група База додадена на „терористичката листа“ на ЕУ

Десничарската група База додадена на „терористичката листа“ на ЕУ

Брисел, 26 јули 2024 (МИА) – Советот на ЕУ денеска одлучи на својата Листа на лица, групи и субјекти кон кои се воведени рестриктивни мерки во рамки на борбата против тероризмот, да ја додаде екстремната десничарска организација База, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Станува збор за неонацистичка паравоена група на десничарски екстремисти осомничени за инволвираност во терористички активности. Групата, чие седиште е во САД, е формирана во 2018 година од страна на Риналдо Назаро. Таа дејствува во САД, Канада, Австралија, Јужна Африка и неколку европски држава. Базата е прогласена за терористичка организација од страна на Австралија, Велика Британија, Канада и Нов Зеланд. 

Со денешната одлука на Советот, се замрзнуваат имотот, сите финансиски средства и економски ресурси на групата во земјите членки на ЕУ. На субјекти од ЕУ, пак, им се забранува на организацијата да и испраќаат или ставаат на располагање средства и економски ресурси. 

Во исто време, од Листата е отстрането едно починато лице. 

На оваа листа на санкционирани на ЕУ сега се наоѓаат 15 поединци и 22 групи и субјекти. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан