• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вадефул, Баро и Лами в петок на средба со Аракчи во Женева

Вадефул, Баро и Лами в петок на средба со Аракчи во Женева

Жeнева, 18 јуни 2025 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами планираат да одржат разговори за нуклеарно оружје со нивниот ирански колега Абас Аракчи во Женева в петок, изјави неименуван германски дипломатски извор за западни медиуми.

Тој додаде дека пред средбата со Аракчи, европските министри ќе се сретнат со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во германскиот конзулат во Женева.

Планот е договорен со САД, додаде изворот.  зш/

Остани поврзан