Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран
- „Неколку згради околу седиштето на Националната полиција беа нападнати, а голем број наши колеги се повредени“, објави официјалната новинска агенција ИРНА, цитирајќи полициско соопштение
Техеран, 18 јуни 2025 (МИА) - Во израелски напади пукно е во близина на полициската станица во иранскиот главен град Техеран, при што се повредени голем број полицајци, објавија државните медиуми.
„Неколку згради околу седиштето на Националната полиција беа нападнати, а голем број наши колеги се повредени“, објави официјалната новинска агенција ИРНА, цитирајќи полициско соопштение. зш/