Стартура есенскиот циклус од програмата „Полетарче“ што ја реализира охридскиот Црвен крст
- Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.
Охрид, 4 септември 2023 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „Полетарче“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.
Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.
Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и друго.
Пролетниот циклус од програмата трае три месеци со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути.
Заинтересираните повеќе информации за програмата ќе можат да добијат на отворениот ден за „Полетарче“ штој ќе се реализира наредниот понеделник од 18 часот во просториите на „Црвен крст“ - Охрид. аб/са/
фото/плакат