Три целосно реновирани-нови спортски терени и фитнес зона во велешкото ООУ„Васил Главинов“, а целосно е реконструирана и спортската сала
- Во велешко Основно општинско училиште „Васил Главинов“ кое е едно од најголемите во градот и земјава, денеска на три неодамна реконструирани спортски терени се одиграа и првите спортски нетпревари меѓу ученици од оваа и останатите училишта.
Велес, 8 ноември 2024 (МИА) - Во велешко Основно општинско училиште „Васил Главинов“ кое е едно од најголемите во градот и земјава, денеска на три неодамна реконструирани спортски терени се одиграа и првите спортски нетпревари меѓу ученици од оваа и останатите училишта. Со средства од општинскиот буџет од 7 милиони денари целосно беа реновирани старите спортски игралиштата: едно со тартан за фудбал и ракомет, второто со специјална подлога за кошарка и третото повеќенаменско со вештачка трева за фудбал, одбојка и други спортови.
Денеска учениците и наставниците ги посети градоначалникот Марко Колев со својот тим, а освен спортски натпревари учениците за добредојде подготвија и богата приредба. Освен спортските терени со средства од Министерството за образование и наука целосно е реконструирана спортската сала а набавена е и спортска опрема за учениците за часовите по физичко образование.
Во информацијата за МИА, градоначалникот Колев истакна дека спортски терени за спортување на учениците се многу значајни и затоа тој како градоначалник во изминатите три години најмногу издвојува за спортот и реконструкција на старите и изградба на нови спортси терени,фитнес зони и детски игралишта. За таа намена како никогаш во вака голем износ кој не се памети последните децении во Велес, општината издвоила поголеми суми на парични средства од општинскиот буџет ,а воедно добиле и поддршка од фирми спонзори.
-Мојата заложба е во секое основно и средно училиште во Велес да има спортски терени каде децата ќе спортуваат на часовите по физичко и во слободното време,потенцира Колев.
На новинарско прашање за обезбедување со камери на спортските терени, градоначалникот Колев информира дека општината е во постапка за поставување на камери и систем на четири спортски терени: освен во оваа училиште, и во Гимназијата „Кочо Рацин“ и на спортскиот комплекс во Дворови и во Населбата Тунел.
Тој се надева дека постапката ќе заврши наскоро и дека до крајот на оваа година на овие четири спортски терени во градот ќе бидат поставени безбедносни камери,а воено најави дека догодина камери ќе постави и на останатите спортски терени.
Колев најави дека до крајот на годината во селото Бузалково ќе биде изграден кошаркарски терен за кој во постапка се за избор на фирма изведувач, а во селата Отовица и Иванковци се работи на изведба на помали детски забавни паркови.
Тој потсети дека освен за овој терен со 7 милиони денари од општинскиот буџет се издвоиле за спортскиот терен во населбата Превалец околу 24 милиони денари,за спортските терени кај Гимназија, околу 5 милиони денари,спортскиот комплекс во Дворови со над 15 милиони денари и во близина на Автобуската станица меѓу еден и два милиони денари,плус средства за целосно реновирање на спортските терени во Населбата Тунел и останатите во градот и селата.
Колев заедно со директорот на ООУ „Васил Главинов“ Драги Коцевски ги повикаа сите ученици од оваа и останатите училишта да спортуваат, но апелираат до нив да ги чуваат и не ги уништуваат спортските терени и фитнес зоната.
Денеска се одржаа спорстки натпревари меѓу учениците во одбојка и кошарка меѓу екипи од ООУ „Васил Главинов“ како и Мал турнир во фудбал за девојчиња на кој учествуваа 4 женски екипи во фудбал.Првото место во финалето го освои екипата од домаќините од ООУ „Васил Главинов“ втора беше од ООУ „Методија Митевски Брицо“ од Лозово“ трета од ООУ „Блаже Конески“ а четвртта од ООУ „Свети Кирили Методиј“ Сите спортски натпервари беа исполнети со дружење и спортски дух меѓу натпреварувачите и бројната публика од деца и возрасни кои ги бодреа екипите.ад/
Фото: МИА