Во Неготино одбележани 80 години од ослободувањето на градот
- Осумдесет години од ослободувањето, беа одбележани денеска во Неготино. Бројни делегации беа на прием кај градоначалникот Горан Стојанов, а се изврши и увид во градежните работи на два капитални објекти кои Општина Неготино ги реализира и тоа изградбата на новиот затворен градски пазар и комплетното уредување на УБ 5, урбана заедница 5,1.
Неготино, 8 ноември 2024 (МИА) - Осумдесет години од ослободувањето, беа одбележани денеска во Неготино. Бројни делегации беа на прием кај градоначалникот Горан Стојанов, а се изврши и увид во градежните работи на два капитални објекти кои Општина Неготино ги реализира и тоа изградбата на новиот затворен градски пазар и комплетното уредување на УБ 5, урбана заедница 5,1.
Се одржа и свечената седница на Советот на Општина Неготино, градоначалникот имаше пригодно обраќање пред присутните на настанот. Тој информираше за реализираните проекти од страна на локалната самоуправа во изминатата година. Преку презентација на аудио видео материјал, присутните имаа можност подетално да се запознаат со реализираните проекти и активности во периодот помеѓу двата празника.
На свечената седница беа доделени признанијата и наградата по повод 8 Ноември, а присутните имаа можност да ја проследат музичката програма од учениците и наставниците од Основното музичко училиште ,,Владимир Арсовски". свд/са
Фото: Општина Неготино