• понеделник, 23 декември 2024

Прва форумска сесија од Буџетскиот форум во Пехчево

Прва форумска сесија од Буџетскиот форум во Пехчево

Пехчево, 8 ноември 2024 (МИА) - Во Пехчево денеска се одржа првата форумска сесија од Буџетскиот Форум за 2025 година. Сесијата ја отвори градоначалникот на Општината, Александар Китански кој очекува конструктивни предлози кои ќе можат да влезат во програмата за реализација ,а наредната година.

-По искуство од ланската година, можам да кажам дека од овие форумски сесии произлегоа добри предлози кои во голем процент се реализирани на мое и задоволство на граѓаните. Во текот на оваа сесија презентиравме колку е реализирано. Уште еднаш голема благодарност од мене и се надевам дека од оваа форумска сесија ќе произлезат голем број проекти за реализација во наредниот период, рече Китански.

Според Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница која и годинава е дел од процесот најважно од самите форуми е транспарентноста.

-Идејата на форумскиот процес е транспарентност е и ако нешто не е направено да знаете зошто е тоа такаж има објективни причини нешто да не се направи тие објективни причини најчесто се парите, додаде Шарковски.

Пред присутните во рамки на првата форумска сесија беа презентирани проектите кои беа предложени на минатогодишните форуми, останатите проекти кои Општината ги реализираше во 2024 година, а воедно беа претставени и проектите за реализација за 2025 година. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан