• недела, 15 декември 2024

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија предупреди на предизвици во стабилизацијата на земјата

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија предупреди на предизвици во стабилизацијата на земјата

Женева, 13 декември 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен денеска изјави дека Сирија се соочува со многу предизвици во процесот на стабилизација.

Според него, иако е постигнат одреден напредок кон привремено стабилизирање во одредени аспекти, ситуацијата се уште е „многу  променлива“.

Педерсен во текот на викендот ќе отпатува за Јордан, каде ќе се сретне со арапските министри за надворешни работи, а планирани се и средби со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, изјави неговата портпаролка Џенифер Фентон. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан