• среда, 21 август 2024

Брод потона во близина на Сицилија, во тек е потрагата по седум лица

Брод потона во близина на Сицилија, во тек е потрагата по седум лица

Палермо, 19 август 2024 (МИА) - Седум лица се водат како исчезнати откако брод со 22 лица во услови на невреме потона во близина на брегот на Сицилија.

Патролните чамци на крајбрежната стража и пожарникарите спасија 15 лица од 49-метарскиот брод, меѓу кои и едногодишно дете. Италијанската новинска агенција АНСА јави дека се водат како исчезнати четворица Британци, еден Канаѓанец и двајца Американци.

Инцидентот се случил изутрината околу 5 часот наутро во водите кај Палермо, за време на невреме со силни ветрови и разбранувано море во областа, пишува британски „Гардијан“.

Спасувачките нуркачи се обидуваат да стигнат до бродот, кој потона на приближно 49 метри. Едногодишно момче пристигнало во болница со неговата мајка, која се здобила со полесни повреди. Сите 15 спасени лица се во добра состојба.

Весникот „Ил џорнале ди Сичилија“ објави дека бродот пловел под британско знаме и дека на него имало главно британски патници, но и луѓе од Нов Зеланд, Шри Ланка и Ирска и британско-француски државјани.

АНСА објави дека бродот, за кој рекоа дека се вика Бајесиан, бил закотвен во пристаништето Портчело и синоќа испловил. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан