• среда, 22 јануари 2025

САД и авганистанските талибанци разменија затвореници

САД и авганистанските талибанци разменија затвореници

Кабул, 21 јануари 2025 (МИА) - Авганистански затвореник во американски затвор е ослободен во замена за двајца американски државјани, соопштија денеска талибанските власти.

Авганистанскиот државјанин, Кан Мохамад, беше осуден на доживотен затвор и ја отслужуваше казната во Калифорнија, откако беше уапсен пред речиси две децении во источната авганистанска провинција Нангархар кога беше екстрадиран во САД, пренесоа светските агенции.

Кога станува збор за американските државјани, тие не се идентификувани, ниту пак е прецизирано колкумина се ослободени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан