Рој Хоџсон се раздели со Кристал Палас
- На негово место доаѓа поранешниот шеф на Ајнтрахт Франкфурт - Оливер Гласнер

Лондон, 19 февруари 2024 (МИА) - Рој Хоџсон објави дека се повлекува од менаџерската функција на Кристал Палас.
На негово место доаѓа поранешниот шеф на Ајнтрахт Франкфурт - Оливер Гласнер.
- Разбирам дека со оглед на околностите би било подобро клубот да има можност подобро да ги планира работите за иднината и затоа донесов одлука да се повлечам, рече Хоџсон во официјалното соопштение.
„Орлите“ се на 16-тото место на табелата, на само 5 бода од опасната зона и се во серија од лоши резултати.
Вечерва тимот од Лондон му гостува на Евертон, а по мечот се очекува Гласнер да почне со работа.дс
Фото: Фејбук/Кристал палас