• среда, 21 август 2024

Пронајдени тела на шест заложници во ноќна операција на израелската армија во Газа

Пронајдени тела на шест заложници во ноќна операција на израелската армија во Газа

Тел Авив, 20 август 2024 (МИА) – Војската на Израел (ИДФ) соопшти дека пронашла тела на шестмина заложници во операција во текот на ноќта во Газа.

„Телата на заложниците беа спасени од областа Кан Јунис во Газа. Тие беа киднапирани од Хамас на 7 октомври. Операцијата за спасување беше овозможена со прецизни разузнавачки информации од ИСА, разузнавачките единици и штабот за заложници на Дирекцијата за разузнавање на ИДФ. Ќе продолжиме да работиме за да ги вратиме сите преостанати заложници дома. Нашите срца се со семејствата на овие жртви на тероризмот на Хамас“, се вели во објавата на ИДФ на Х.

Соопштението на ИДФ е објавено во момент кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Хамас да се согласи со предлогот за прекин на огнот во Газа, откако доби поддршка од Израел.

Зборувајќи по состанокот со израелскиот премиер, Блинкен рече дека израелскиот Бенјамин Нетанјаху се согласил со предлогот – што ќе доведе до прекин на огнот и враќање на израелските заложници. јт/

Фото: ИДФ на Х

Остани поврзан