• вторник, 17 декември 2024

Промоција на „Гуш и Бац“ - песна за пријателството и инклузијата

Промоција на „Гуш и Бац“ - песна за пријателството и инклузијата

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) – Промоцијата на видео записот на песната „Гуш и Бац“ ќе се одржи денеска со почеток во 16 часот во Кинотека на Македонија. 

Како што соопштуваат од тимот на „Гуш и Бац“, настанот ќе биде исполнет со пејачка радост и игри, каде сите деца, без оглед на нивните разлики, ќе имаат можност да се изразуваат и да бидат дел од сцената. 

Изведувачи на песната се Мијата, Космонаутко и сите славејчиња, а музиката и текстот се дело на Весна Малинова. 

Аранжманот е направен од Бојан Димитровски и Наташа Мијат Крстевска, која е и продуцент на проектот. 

Гитара свири Стефан Маневски, а бас гитара Горан Димитровски. Придружни вокали се Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и хорот на Златно славејче.

Миксот и мастерингот се направени од Бојан Димитровски и Валентино Скендеровски, а аудио инжењер е Ивица Јанкуловски од студио Алшар. Видео продукцијата е во рацете на Moonlight TV & Film Production.

Песната и видеото се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој. ар/нд/

Фото:Фејсбук

Остани поврзан