Готово техничкото решение за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес
- Стручњаците на Градежнит факултет при УКИМ од Скопје го изработија техничкото решение и денеска го доставија до Јавното претпријатие за државни патишта, информира за МИА, декенот на Градежен факултет Скопје проф д-р Горан Марковски. Сега останува на ЈПДП да распише тендер и да избере изведувач за да започне санацијата на мостот на кој од 4 јануари годинава е запрен секаков вид на сообраќај поради влошената состојба на носечките столбови, а со цел да се спречи трагедија од урување на мостот.

Велес, 16 јануари 2025 (МИА) - Стручњаците на Градежнит факултет при УКИМ од Скопје го изработија техничкото решение и денеска го доставија до Јавното претпријатие за државни патишта, информира за МИА, декенот на Градежен факултет Скопје проф д-р Горан Марковски. Сега останува на ЈПДП да распише тендер и да избере изведувач за да започне санацијата на мостот на кој од 4 јануари годинава е запрен секаков вид на сообраќај поради влошената состојба на носечките столбови, а со цел да се спречи трагедија од урување на мостот.
Професорот Марковски првично оцени дека мостот требада се санира за месец до месец и половина. Toj со неговите колеги во саботата направија дополнителни испитувања на мостот, односно пробно товарење на мостот со камиони од 40 тони статичко и динамичко на горниот строј на мостот на носачите за да видат во каква состојба се и од тој аспект и да можат да донесат техничко решение што понатаму со мостот.
Како трајно решение на проблемот на велешани, премиерот Христијан Мицкоски при посетата на мостот во Велес, на 4 јануари годинава најави по завршување на сите админстративни процедури да се изгради нов мост на Вардар кај Велес на 50- тина метри подолу од постоечкиот, а неговата изградба да започне кон средината на годинава. ад/аа/
Фото: МИА