• сабота, 22 февруари 2025

Средба на претседателот на Собранието Гаши со амбасадорот на Азербејџан, Камил Касијев

Средба на претседателот на Собранието Гаши со амбасадорот на Азербејџан, Камил Касијев

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имал средба со нерезидентниот амбасадор на Република Азербејџан за нашата држава, Камил Касијев, на која разговарале за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши истакнал дека независно од тоа што доаѓаме од различни региони, како држави негуваме пријателски односи и имаме добра мултилатернална соработка.

-Тој изрази уверување дека во наредниот период ќе ја продлабочиме и билатералната соработка на повеќе полиња, како што се енергетиката, туризмот, културата, но и зголемувањето на трговската размена. Претседателот го информираше амбасадорот Касијев дека нашето Собрание има формирано Пратеничка група за соработка со Парламентот на Азербејџан и изрази надеж дека ќе се интензивира комуникацијата меѓу двата парламента, се наведува во соопштението. 

Двајцата соговорници разговарале и за можноста за соработка во туристичкиот сектор, но и во областа на енергетиката со цел да се обезбеди поголема енергетска безбедност и независност на сите земји во регионов.

-Амбасадорот Касијев се заблагодари за меѓусебната соработка што како држави ја имаме во меѓународните организации во кои заедно членуваме. На средбата беше истакнато дека оваа година одбележуваме 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Азербејџан, што треба да биде дополнителен мотив за унапредување на меѓусебните односи, информира Собранието. хс/aa/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

Остани поврзан