• понеделник, 22 јули 2024

Припадниците на МВР на Србија ја завршија мисијата за помош на Северна Македонија во гаснењето на шумските пожари

Припадниците на МВР на Србија ја завршија мисијата за помош на Северна Македонија во гаснењето на шумските пожари

Белград, 21 јули 2024 (МИА) - Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Северна Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

- Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрли вкупно 182 тони вода и успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, кај Радовиш пожарот го ставија под контрола, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации кај Ново Село, на планината Огражден и во местото Пипирево, соопшти МВР на Србија.

Во знак на благодарност, директорот на Центарот за управување со кризи при Владата на Северна Македонија, Стојанче Ангелов, им врачи благодарница на претставниците на МВР за помошта во гаснењето на пожарот.

Помошта за Северна Македонија е испратена врз основа на барањето на македонската Влада да обезбеди помош во гаснењето на шумскиот пожар.

Од 16 јули, припадниците на Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби учествуваа во гаснењето на пожарот со хеликоптер Камов Ка-32, со голем капацитет за вода, кој прв пат беше испратен надвор од Србија за давање помош. об/цр


Фото: МВР на Србија

Остани поврзан