• среда, 26 март 2025

Претставници на Здружението на инженери на средба во РКЕ

Претставници на Здружението на инженери на средба во РКЕ

24 март 2025 

Денес, во просториите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), се одржа двочасовен состанок помеѓу претставници на Здружението на инженери на Република Македонија и членовите на РКЕ.

На состанокот беа прифатени нашите забелешки дека фактурирањето врз основа на проценета потрошувачка на електрична енергија доведува до разлики во износите, што може да предизвика финансиска штета за потрошувачите, додека во исто време создава дополнителни приходи за операторот на дистрибутивниот систем.

За надминување на оваа состојба, предложивме решение кое предвидува издавање коригирана фактура што ќе ги опфаќа деновите од претходното до последното отчитување на броилото. Со ова ќе се овозможи реална и прецизна наплата на електричната енергија, елиминирајќи ја можноста за неправедно внесување на потрошувачите во повисоки тарифни блокови поради корекции во месеците кога се врши реалното отчитување.

Конечниот текст за измените во Правилата за снабдување со електрична енергија ќе биде утврден на подготвителна седница, на која ќе бидеме поканети да присуствуваме.

Инженери на Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан